Search

Тешко повреден работник во гостиварско

Работник бил тешко повреден кога паднал од утоворна машина, вчера во селото Топлица, вчера околу 15 часот.

Н.Ј. (59) од Долна Бањица работејќи со утоварната машина (јумба) во близина на бензинска пумпа изгубил контрола над машината и паднал. При тоа, машината продолжила да се движи и со предниот дел удрила и го оштетила агрегатот за електрична енергија на бензинската пумпа.

Повредениот Н.Ј., по укажаната помош во гостиварската болница бил пренесен на скопските клиники.

Извршен е увид и се расчистува случајот.

Треба да знаете
Последни објави