Search

Тешко повреден моторциклист, излетал од пат во Куманово

На 19.05.2020 околу 18.30 часот на ул.„Благој Илиевски Гуне“ во Куманово, мопед „априлија“ со кумановски регистарски ознаки, управуван од Р.А.(24) од Куманово, изгубил контрола и излетал од коловозот. По незгодата, Р.А. бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ каде му била констатирана тешка телесна повреда. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Куманово.

Треба да знаете
Последни објави