Search

Тешко повреден градежник во Гостивар

Градежник од Гостивар бил тешко повреден на работното место, информираше МВР.

Според полицијата, вчера околу 8.30 часот било пријавено дека во болницата во Гостивар со повреди бил донесен Е.Н.(49) од Гостивар. Според пријавеното, Е.Н. добил со тешки телесни повреди во објект во изградба во кој работел.

По укажаната лекарска помош тој бил пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза” во Скопје. Извршен бил увид на местото на настанот и се работи на расчистување на случајот.

Треба да знаете
Последни објави