Search

Тешко повреден градежен работник кој паднал во длабока дупка

Тешко повреден 52-годишен градежен работник од Скопје бил донесен вчера во Градската општа болница„Св. Наум Охридски“, откако паднал во дупка длабока 1,5 метри, додека извршувал работни задачи на објект на ул.Беласица. Со возило на итна медицинска помош бил пренесен во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ каде од лекар му биле констатирани тешки телесни повреди.

На местото на настанот увид извршила екипа од СВР Скопје, а за настанот е запознаен трудов инспектор.

Треба да знаете
Последни објави