Search

Тешко повреден велосипедист во сообраќајна несреќа во Скопје

Скопјанец со автомобил удрил во велосипедист, кој со тешки повреди бил пренесен на Клиника.

Според информаците од полицијата, несреќата се случила вчера во 17.50 часот на улица Сердарот во Скопје кога „пежо 206“, управувано од С. Т. (35) од Скопје, удрило во велосипедист, кој добил тешки телесни повреди.

Тој бил пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување лекарска помош. Извршен бил увид на местото на нeсреќата од екипа од СВР Скопје.

Треба да знаете
Последни објави