Search

Тешки три бода за Милан на гостувањето кај Верона

Милан освои три бода по тешката победа со 1:0 синоќа на гостувањето кај Верона во претпоследнито дуел од третото коло во италијанската Серија А.

Голот вреден победа за „миланезите” го постигна полскито интернационалец Криштоф Пјонтек од пенал во 68. минута.

Верона играше со фудбалер помалку од 21. минута кога беше отстранет Мариуш Стемпински. На самиот крај на средбата, црвен картон доби и гостинскиот играч Давид Калабрија.

Милан со шест бода се наоѓа на 7.место, додека Верона досега собра четири бода и е 11-та.

Треба да знаете
Последни објави