Search

Тешка сообраќајна несреќа во Србија – еден загинат, 12 повредени, меѓу кои и дете

Еден човек загина, а 12 се повредени, меѓу кои и дете, во тешка сообраќајна несреќа што се случи попладнево во Србија, пренесуваат српските медиуми. Во несреќата, која се случила кај селото Шанац, учествувале камион и автобус, при што на самото место загинал возачот на камионот, а повредените се од автобусот, меѓу кои и едно дете.

Камионот се движел од Крушевац, а автобусот од Варварина. Несреќата се случила околу 15 часот, јави дописникот на РТС.

Според информациите, на самото место на несреќата пристигнале пожарникари, кои се обидувале да го извлечат телото на загинатиот возач на камионот. Повредените, меѓу кои и седумгодишно дете, се пренесени на Ургентниот центар при Општата болница во Крушевац.

Во тек е увид на местото на инцидентот, а таму е и истражен судија, екипи од пожарникари со две возила и полиција.

Патниот правец Крушевац-Варварин е затворен за сообраќај.

Треба да знаете
Последни објави