Search

Тешка сообраќајка на патот Кичево-Битола, загина маж, а една жена е повредена

54-годишен маж од кичевското село Козлица почина во сообраќајна несреќа, што се случила вчера попладнето на регионалниот пат Кичево – Битола, кај село Видрани.

Несреќата се случила помеѓу „Југо“, кое го управувал сега починатиот и „Лада нива“, управувана од 69-годишен маж од село Другово.

По незгодата К.П. со возило на Итна медицинска помош од Медицински центар Кичево бил препратен кон Скопје, но по пат му се влошила состојбата и починал во Медицински центар Гостивар. На сопатничката од возилото „Лада“ Р.П.(68) од село Другово во Медицински центар Кичево и биле констатирани тешки телесни повреди. Извршен е увид на местото на настанот.

Треба да знаете
Последни објави