Search

Тешка сообраќајка кај Тетово, тројца тешко повредени

Вчера во 17,25 часот било пријавено дека на излез од село Радиовце, Тетово се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило “фолксваген поло” со гостиварски регистарски ознаки, управувано од А.М.(30) од село Чегране, Гостиварско и патничко моторно возило “фолксваген голф” со германски национални ознаки, управувано од А.Ш.(21) од селоТеново, Тетовско. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле двајцата возачи и сопатникот Н.С.(37) од село Чегране, Гостиварско од возилото “поло” по што биле пренесени во Комплексот клиники “Мајка Тереза” во Скопје за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР-Тетово.

Треба да знаете
Последни објави