Search

Тешка кражба во Скопје, украдени околу еден милион евра

Во пеиродот од 19:30 до 21:45 часот вчера, во куќа во Скопје, од страна на непознато лице била извршена тешка кражба, така што сторителот насилно влегол во куќата и од една од собите одзел три кеси со 800 илјади евра, 60 илјади американски долари, 50 илјади швајцарски франци и еден милион денари.

Случајот, како што соопшти МВР, вчера во 22:10 часот во СВР Скопје го пријавил Ш.И. (58) од Скопје во чија сопственост е куќата каде била извршена кражбата.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Треба да знаете
Последни објави