Search

Техеран за Болтон: Неуспех на „стратегијата на максимален притисок”

Советникот на иранскиот претседател Хасан Рохани коментирајќи го разрешувањето на советникот за национална безбедност на Белата куќа, Џон Болтон, истакна дела тоа претставува неуспех на „стратегијата на максимален притисок” на Вашингтон врз Техеран.

– Маргинализацијата и на крај елиминацијата на Болтон не е случајност туку одлучувачки показател на неуспехот на американската стратегија на максимален притисок пред конструктивниот отпор на Иран, напиша Хесамедин Ашен на Твитер.

Додека портпаролот на иранската Влада, Али Рабиеи на Твитер напиша дека со заминувањето на „најголемиот заговорник на војната и на економскиот тероризам”, Белата куќа полесно ќе може да ја разбере реалноста во Иран.

– Џон Болтон пред повеќе месеци вети дека Иран нема да потрае ниту три месеци. Ние се уште сме тука, а тој замина, истакна Рабиеи.

Треба да знаете
Последни објави