Search

Техеран бара Полска да не биде домаќин на меѓународна конференција за Иран

Иранското Министерство за надворешни работи вчера го повика на разговор полскиот вршител на работите Војчек Унолта и побар Полска да одбие да биде домаќин на меѓународна конференција за Иран.

Барањето уследи откако американскио државен секретар Мајк Помпео најави дека Полска ќе биде домаќин на меѓународна конференција за Иран и Блискио Исток во средина на февруари.

Ирански претставници му предадоа протестна порака на Унолта, во која се бара Полска да не го прифајќа со таквиот „непријателски чекор” на САД кон Иран.

Неименуван ирански претставник наведе дека доколку се одржи самитот, Иран ќе преземе контрамерки кон Полска, но не наведе детали.

Помпео, кој е на турнеја по државите од Блиски Исток, најави дека конференцијата во Полска ќе се одржи на 13 и 14 февруари.

Треба да знаете
Последни објави