Search

Тетовското одделение на Државниот архив со две нови публикации

Со две нови стручни публикации тетовското оддление на Државниот архив го збогатува својот фонд на книги. Издадени се насловите „Административно територијалната поделба на полошкиот регион и органите на власт низ архивските фондови 1944-2004 година” и „Работата на Архивот на Тетово во услови на транзииција 1991-2015 “, чиј автор е раководителот на тетовскотото оддлениет Младен Матовски.

-Трудот за административно територијалната поделба на полошкиот регион е од значање за граѓаните бидејќи на едно место се собрани повеќе податоци кои се однесуваат на природно географските карактеристики на Полог, етничкиот состав на населението со пописи од 1948 до 2002. При тоа издвоени се податоци за Тетово, Гостивар, полошкиот регион, а има и преглед на видовите на административно-територијалната поделба од 1944 до 2004 година, истакна раководителот Матовски.

Како прилози во трудот има прегледи, фотографии од седишта на општински згради, културно историски споменици, зимски центри и слично.

-Во вториот труд „Работата на архивот на Тетово во услови на транзииција 1991-2015 година” се опфатени мерки и активности на одделението бидејќи со промени на општествениот систем на Македонија се смени работата и на Архивот. Опфатени се повеќе прашања околу статусот на Архивот согласно промените на територијалната надлежност на Архивот, актуелните задачи, структура на иматели, осврт врз законските прописи, улогата во денационализацијата како и прилог со регистар на архивски фондови и збирки во архивот, истакна Матовски.

Освен двата труда, новитет за тетовското одделение е санација на надворешната фасада со алуминиумски плочи со цел објектот да се заштити од влага. Заклучно со 31 јануари 2018 година тетовскиот архив располага со 793 архивски фондови и збирки во 8.884 архивски кутии и вкупно 9.370 книги.

Треба да знаете
Последни објави