Search

Тетовската полиција за еден месец исклучила од сообраќај 145 возачи

Полициските службеници на СВР Тетово во текот на јануари годинава во тетовскиот регион откриле и санкционирале 919 сообраќајни прекршоци.

Поради констатирани различни видови прекршоци, од сообраќај биле исклучени 36 возила и 145 возачи, поради истечена регистрација над 30 дена, управување без положен испит, управување под дејство на алкохол и сл..

Откриените сообраќајни прекршоци минатиот месец,  заокружени се со 471  мандатен и 244 прекршочни плaтни налози. Покрај тоа, времено одземени се 47 возачки и 30 сообраќајни дозволи. Привремено одземени, исто така, се и четири возила и осум регистерски таблици. Во овој период, изготвени се и 204 писмени предупредувања.

Треба да знаете
Последни објави