Search

Тетовка повредена откако со автомобилот се забила во дрво

Тетовка била тешко повредена кога управуваќи автомобил излетала од патот и се забила во дрво, вчера во тетовското село Глоѓи.

Според полицијата, сообраќајката се случила околу 12.20 часот, на регионалниот пат Јажинце-Тетово, во селото Глоѓи.  Автомобил „ауди“ со тетовски регистарски ознаки, управуван од А.Р(.29) од Тетово, изгубил контрола, излетало од коловозот и удрил во дрво.

А.Р. се здобила со повреди и била пренесена во клиничката болница во Тетово каде и била укажана помош и била задржана на лекување.

Увид извршила екипа од СВР Тетово.

 

Треба да знаете
Последни објави