Search

Тетовка добила кривична оти на Фејсбук ширела лажни вести за Ковид19

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Х.Е.(40) во с.Порој, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи завреме на епидемија”.

На 23.03.2020 од страна на Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при Бирото за јавна безбедност, била регистрирана објава на социјалната мрежа Facebook со невистинита содржина во врска со ситуацијата со епидемијата во Р.С.Македонија и, по направена проверка, било потврдено дека станува збор за профил на пријавената.

Треба да знаете
Последни објави