Search

Тетовец со гасен пиштол ѝ се заканувал на старица, а потоа ја малтретирал својата мајка

Тетовската полиција поднесе кривична пријава против 38-годишник од село Нераште под сомнение за сторени кривични дела „разбојничка кражба”, „противправно лишување од слобода“ и „загрозување на сигурноста”.

Како што информираат од МВР, на 22 месецов во тетовскотo село Теарце пријавениот од домот на 69-годишната В.Ѓ. одзел гасен пиштол и со него упатил закани по нејзиниот живот, по што ја заклучил во куќата.

Потоа, пријавениот се вратил во својот дом каде почнал расправија со неговата 71-годишна мајка. Таа пријавила дека била психички малтретирана од него. По преземени полициски мерки, пријавениот бил уапсен и му бил одзеден пиштолот, а во разговор во полициска станица тој ги признал делата.

Треба да знаете
Последни објави