Search

Тестаментот на принцот Филип ќе остане тајна барем 90 години

Последната волја на војводата од Единбург, принцот Филип, ќе остане тајна најмалку 90 години, со цел „да се заштити достоинството и положбата” на кралицата, одлучија британските судски власти.

Тоа е веќе вообичаена традиција – по смртта на член на кралското семејство, од судовите се бара да го запечатат неговиот тестамент. Ова значи дека тој документ не е достапен за јавноста, а по 90 години ќе се одржи одреден процес, исто така – подалеку од очите на јавноста, за да се одлучи дали документот ќе може да се објави.

Британскиот принц Филип почина во април годинава, на 99-годишна возраст.

Треба да знаете
Последни објави