Search

Тесла камион снимен без возач на автопат

Пред извесно време на интернет се појави снимка од магистрала во Калифорнија, каде што, се чини, прототип на електрокамионот на компанијата Тесла, „семи” се движи без возач зад воланот.

Можно е, сепак, тој впечаток да е резултат на случаен одраз во предното стакло, којшто создал оптичка илузија. Всушност, возачот најверојатно си е на место.

Доколку, сепак, од „Тесла” на автопатот извадиле самоуправувачки камион без возач, тоа би значело сериозни проблеми за компанијата, во смисла на казни и можна забрана за патни тестови на самоуправувачките системи.

Треба да знаете
Последни објави