Search

Тер Штеген пред реваншот со Јунајтед: Ние не играме како ПСЖ

Манчестер Јунајтед во осмина-финалето направи сензација елиминирајќи ја екипата на ПСЖ, па многумина се надеваат дека Јунајтед и вечерва против Барселона може да направи сензација.

 

Сепак, голманот на Каталонците, Марк-Андре Тер Штеген не верува дека на Барселона може да ѝ се случи истото што им се случи на фудбалерите на ПСЖ.

„Добра работа е што ние играме поинаку од ПСЖ. Резултатот е опасен затоа што предноста е мала, но знаеме дека ќе мора да ја чуваме топката како и секогаш, да ја играме нашата игра и да оствариме што е можно подобар резултат“, изјави Тер Штеген и додаде:

„Нашиот ривал сака да победи, тоа е тим кој оваа сезона победуваше на големи натпревари на гости и секако дека нашата предност не е голема. Сепак, сакаме да ја одбраниме и да покажеме дека сме суперирорни. Не сакаме да зборуваме за тоа што ни се случи против Рома минатата година. Беше тешко, но тоа е сега минато. Не сакаме да се повтори тоа“, изјави Тер Штеген.

Треба да знаете
Последни објави