Search

Тер Штеген бара 10 милиони евра годишно од Барселона

Голманот на шпанскиот фудбалски првак и лидер во прекинатат сезона поради пандемијата со коронавирусот Барселона, Марк Андре тер Штеген продолжува да преговара со клубот за потпишување на нов договор. Двете страни сè уште не се согласија за платата на голманот. Дваесет и осумгодишниот Германец бара 10 милиони евра годишно од каталонски клуб, додека последната понуда на Барса беше 6,3 милиони годишно, плус бонуси.

Преговорите меѓу клубот и играчот ќе продолжат следната недела. Сегашниот договор на голманот е со важност до летото 2022 година.

Во сезоната 2019/20, Тер Штеген настапи на 34 натпревари за Барселона и прими 34 голови.

Треба да знаете
Последни објави