Search

Терорист планирал да го разнесе манастирот Високи Дечани

Албански терорист на Косово планирал да го разнесе манастирот Високи Дечани, а приведено е лице за кое се сомнева дека сакало да го изведе нападот, пренесува „Вечерње новости“.
Весникот наведува дека никој не ги информирал монасите во ова православно светилиште за настанот и дека уапсениот Албанец со иницијали А.И., всушност бил обвинет за грабеж и принуда, иако оштетените лица сведочеле дека тој со месеци ги принудувал заедно да го нападнат манастирот.


Официјалните институции на Приштина се обиделе да ја демантираат поврзаноста на овој настан со тероризмот, но портпаролот на косовската полиција, Даут Хоџа не го оспори итниот интерен извештај на косовската полиција од кој оваа поврзаност е јасна.
Манастирот Високи Дечани, единственото српско светилиште во Косово, што и понатаму е под заштита на војниците на КФОР кои го чуваат, е честа мета на албанските екстремисти.
Припадниците на италијанскиот КФОР во 2016 година го осуетија планот на џихадистите да го нападнат манастирот, а српските безбедносни сили дојдоа до сознание дека Високи Дечани и Пеќката патријаршија биле мета за напад и за божикните празници во 2018 година, но дека нападот бил откажан во последен миг.
„Вечерње новости“ наведуваат дека приказната за нападите воопшто не зачудува ако се знае дека Качаник е означен како база за обука на припадниците на Исламска држава односно за џинадистичка престолнина на Европа. „Њујорк тајмс“ го прогласи Качаник за престолнина на вахабизмот, а во извештајот на Стејт департментот е наведено дека 400 Албанци од Косово војуваат на страната на ИД во Сирија, додека неофицијалниот број е многу поголем.

Треба да знаете
Последни објави