Search

Терористите во Идлиб го држат цивилното население како човечки штит

Терористички групи во провинцијата Идлиб во северна Сирија не го пуштаат локалното население надвор од териториите што ги контролира владата, пренесува ТАСС.

Контролниот пункт Абу ал Духур за повлекување на цивилното население и бунтовниците кои сакаат да го положат оружјете, што по долга пауза се отвори пред неколку дена, е празен, изјави бригадниот генерал на сириската армија, Набил Абдула, кој е одговорен за организирање на хуманитарниот коридор.

„Според разузнавачката служба, голем број луѓе сакаат да ја напуштат оваа област, но терористичките групи лоцирани во Идлиб го спречуваат хуманитарниот коридор. Патиштата што водат до контролниот пункт се блокирани, а на луѓето им е забрането да го напуштаат областа под закана дека ќе бидат застрелани. Всушност, милитантите се кријат зад цивилите, користејќи ги како човечки штит “, рече сирискиот генерал.

Контролниот пункт Абу ал-Духр беше отворен на 13 септември по долга пауза – работеше од март до декември 2018 година. Во тоа време, селските старешини делуваа како посредници. Повторното отворање беше извршено на иницијатива на Рускиот центар за помирување на спротивставените страни во тесна соработка со официјални лица од Дамаск.

“Контролниот пункт е целосно подготвен за работа. Нашите воени лекари поставија медицински пункт таму. Обезбедени се и автобуси за превоз на внатрешно раселени лица до нивните места на живеење. Покрај тоа, во Центарот има повеќе од 3 тони хуманитарна помош за луѓето во неволја“, вели Андреј Карламов, претставник на Центарот.

Тој рече дека е постигнат договор за обновување на работата на коридорот, но во последнен миг милитантите одбиле да ги пуштаат цивилите.

Според Центарот, речиси 45.000 луѓе ја напуштиле зоната на деескалација во Идлиб од 4 март 2018 година. За нивниот транспорт биле потребни околу 4.700 транспортни возила.

Четири зони за деескалација се воспоставени во Сирија во согласност со договорот од мај 2017 година постигнат на преговорите во Астана меѓу претставници на Русија, Иран и на Турција.

Во 2018 година, три од овие зони беа префрлени под контрола на Дамаск. Четвртата зона, сместена во Идлиб и делови од соседните провинции Латакија, Хама и Алепо, сè уште не се под контрола на владата.

Треба да знаете
Последни објави