Search

Тереза Меј поради Брегзит нема да присуствува на Форумот во Давос

 Портпаролката  наТереза Меј денеска изјави дека британската премиерка одржала „конструктивни” состаноци со пратениците со цел наоѓање начин за добивање поддршка од Парламентот за договорот со ЕУ за Брегзит.

Од Кабинетот на премиерката Тереза Меј исто така соопштија дека таа нема да присуствува на Светскиот економски форум во Давос, бидејќи во овој момент е потребно сите напори да ги насочи кон решението околу договорот за Брегзит.

Се очекува во текот на наредните денови да има повеќе состаноци со европски лидери на таа тема.

Треба да знаете
Последни објави