Search

Тереза Меј на средба со Меркел, ќе разговараат за договорот за брегзит

Британската премиерка, Тереза Меј денеска ќе се сретне со германската канцеларка, Ангела Меркел.

На средбата ќе се разговара за договорот за брегзит на кој се противат голем дел од претставниците на британскиот Парламент.

Тереза Меј, освен со Меркел ќе се состане и со други водачи на ЕУ, во обид да обезбеди гаранции за смирување на загрижените британски пратеници, откако одеднаш го одложи денешното гласање за договорот во Парламентот, објави Ројтерс.

АП, пак пишува, дека се покажало дека премиерката Меј би претрпел голем пораз на гласањето.

Одложувањето на гласањето е ново понижување за Тереза Меј, која стана премиер по одлуката на Велика Британија на референдумот во 2016 година за напуштање на ЕУ, пишуваат медиумите. И конзервативците и лабуристите најавија дека нема да го поддржат договорот што го постигна Меј со водачите на ЕУ во ноември.

Треба да знаете
Последни објави