Search

Тепачка во Тетово кривична за две лица

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Е.М.(40) и Љ.В.(47), двајцата од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „насилство“ и „загрозување на сигурноста со опасно орудие при тепачка или караница“. На 17.07.2020 оштетениот К.В.(26) на ул.„Благоја Тоска“ во Тетово бил физички нападнат неколку непознати лица меѓу кои и Е.М., кој извадил пиштол и со кундакот го удрил, по што  лицата си заминале од местото на настанот. Откако пристигнале полициски службеници, по кратко време пристигнал и Н.М.(36) од Тетово, и почнал да го навредува К.В., по што бил приведен во СВР Тетово. Откако Н.М. бил пуштен од СВР Тетово, бил нападнат со нож од Љ.В..

Треба да знаете
Последни објави