Search

Тепавчевиќ: Епидемијата со коронавирусот во Србија се гаси, но ќе има и втор бран со многу послаб интензитет

Заменик директорката во Институтот Батут во Белград, Дарија Кисиќ Тепавчевиќ порача дека епидемијата во Србија полека се гаси и дека сега се следат асимптоматските случаи за што поефикасно да се стави крај на борбата со коронавирусот. Според Тепавчевиќ треба да се очекува и втор бран, но тој нема да биде со интензитет како овој кој е на заминување.

Изминативе денови во Србија се зголеми бројот на новоинфицирани, но тоа не ги загрижува здравствените власти бидејќи тоа се инфицирани лица во затворени простори, односно во фабричките простории и интензитетот на симптомите е послаб.

-Сите го чекаме денот кога нема да имаме регистрирано смртен случај од вирусот. Го чекавме ова време за да ни помогне и природата во сузбивањето на вирусот. Иако се шири неможеме да кажеме дека целосно исчезна – вели Тепавчевиќ според која нема идеална стратегија за постапките на патниците во меѓународниот сообраќак. Најефикасна мерка во оваа сфера треба да бид еличната заштита и самодоговорноста.

 

Треба да знаете
Последни објави