Search

Тео уште има магија во рацете

Србите во редовите на ЛА Клиперс, Милош Теодосиќ и Бобан Марјановиќ, беа во центарот на вниманието, во поразот на нивниот тим од Торонто Репторс 99:123.

Марјановиќ бидејќи беше најефикасен кај ЛА Клиперс, а Теодосиќ со трите асистенции ги воодушеви Американците, покажувајќи дека сè уште има магија во неговите раце, иако ретко добива шанса од тренерот Док Риверс.

„Милош Теодосиќ и неговата клиника на асистенции“, пишува на официјалниот профил на НБА-лигата.

Теодосиќ за 19 минути имал ефект од девет поени (3/5 тројки) и три асистенции, додека Марјановиќ за 16 минути успеал да забележи 18 поени и седум скока.

Репторси без својот најдобар играч Каваи Ленард одиграа тимски, шестмина постигнаа двоцифрен број поени. Репторси имаат најдобар скор во НБА-лигата, 22 победи и седум порази.

До победата над ЛА Клиперс, Репторси ги предводеше Серж Ибака со 25 поени.

Во преостанатите два натпревари што се одиграа изминатата ноќ, Хјустон славеше над Портланд 111:103. Крис Пол го забележа 15. трипл-дабл во кариерата (11 поени, 11 скока, 10 асистенции), а најефикасен беше Џејмс Харден со 29 поени. На другата страна Демијан Лилард постигна 34 поени, а Јусуф Нуркиќ забележа 15 поени и 10 скока.

Сан Антонио Спарс лесно се справија со Феникс Санс (111:86). Брин Форбс со 24 поени и 11 скока (5/5 тројки) и Ламаркус Олдриџ со 18 поени го предводеа тимот на Грег Поповиќ до победата.

Треба да знаете
Последни објави