Search

Тен Хаг: Ситуацијата во Манчестер јунајтед не е добра

Новиот тренер на англискиот фудбалски премеирлигаш Манчестер јунајтед, Ерик Тен Хаг пристигна на „Олд Трафорд“ и кажа дека ситуацијата воопшто не е добра, но убеден е дека може да постигнат успех. Тен Хаг вчера го следеше мечот на „црвените ѓаволи“ против Кристал Палас, кој го доби тимот од Лондон со 1-0.

-Ситуацијата во клубот не е добра и мора да го прифатиме тоа, но мора да бидеме свесни дека пред една година овој тим беше втор во Премиерлигата. Постои потенцијал и мора да го извлечеме. Тоа е процес, ќе треба време и многу работа, но мислам дека ќе успееме, изјавил Тен Хаг.

Холанѓанецот најавил дека ќе мора на некои позиции да го засили тимот.

Треба да знаете
Последни објави