Search

Тен Хаг: Во фудбалот не го добиваме секогаш тоа што го заслужуваме

Тренерот на холандски Ајакс, Ерик тен Хаг изрази разочарување од поразот на неговиот тим од  Валенсија (0:1) во натпреварот од фудбалската Лига на шампионите. Овој резултат го елиминира тимот од Амстердам од разигрувањето во осминафиналето на елитното клупско натпреварување и ќе треба да се задоволи со настап во Лига Европа.
-Во фудбалот, не го добиваме секогаш она што го заслужуваме. Така беше и овој пат. За време на групната фаза сè не беше во наша корист. Освоивме десет бода, покажавме добра игра, создадовме шанси, а на крајот завршивме со празни раце. Да, ние ќе продолжиме да играме на европски натпреварувања, но сакав да останеме во ЛШ. Се разбира дека сме разочарани, истакна Тен Хаг.
Ајакс групата ја заврши на третото место зад Валенсија и Челзи кои одат во плејофот од Лигата на шампионите.

Треба да знаете
Последни објави