Search

Тензии во Реал Мадрид: Зидан не му честиташе на јунакот на финалето

Иднината на Гарет Бејл во Реал Мадрид е неизвесна. Јунакот на финалето на Лигата на шампиони против Ливерпул (3:1) во кое заби два гола е несреќен во Мадрид.

 

Англиските медиуми објавија дека Велшанецот нема речиси никаков однос со тренерот Зинедин Зидан, а во прилог на тоа оди изјавата по натпреварот во Киев во која порача дека бил тажен и разочаран што не играл во стартната 11-ка на Реал.

По два гола во финалето на ЛШ, поебно откако ќе забиете гол со „ножички“ како оној на Бејл за 2:1, очекувате тренерот да ви честита и да ви се заблагодари што сте обезбедиле титула.

На прашањето дали Зидан воопшто разговарал со него по последниот судиски виреж во Киев, Бејл само одмавна со главата.

Новинарот во неверување го праша бејл дали Зидан му искоментирал нешто за неговиот настап, а Велшанецот само кратко одговори: „Не!“

После сето тоа, Бејл порача дека во текот на летото добро ќе размисли за својата иднина, а англиските медиуми веќе го „преселија“ кај Мурињо во Манчестер Јунајтед или кај Ковач во Баерн.

Треба да знаете
Последни објави