Search

Темната страна на Леонардо Ди Каприо: Застрашувачки приказни скриени од неговите адвокати

Леонардо Ди Каприо низ годините водеше бурен живот, а неговите адвокати се обидоа сето тоа вешто да го прикријат.

Холивудскиот шармер Леонардо Ди Каприо го прослави својот 44 роденден. Неговото минато е придружено со разни грди приказни кои низ годините успешно се сокривани.

Бабата на Леонард Ди Каприо, Хелен Индербиркен, е родена во Русија по име Јелена Смирнова. Актерот отсекогаш велел дека е „половина Русин“, а во една прилика изјави дека би сакал да го глуми Путин ако некогаш се направи филм за претседателот.

Ди Каприо на 23-годишна возраст се прослави како убавец, поради своите улоги во „Ромео и Јулија“ и „Титаник“. Тинејџерки, млади и не толку млади дами буквално се нафрлија врз него во тој период, а тој, новонајавуваниот „крал на светот“, можеше да избира и да се забавува со која сака и како сака. Тогаш, заедно со колегите Тоби Мегвеј, илузионистот Дејвид Блејн и Лукас Ха, крастареа низ клубовите и од јавноста нивната групата беше наречена „pussy posse “.

Елизабет Беркли, актерката која се здоби со слава со филмот „Showgirls“, ја фатиле на око една вечер. Групата мислела дека таа е малку послободна во приватниот живот и ја поканиле да им се приклучи. Но, таа има објаснила дека е во клуб со своето момче Роџер Вилсон.

После тоа започнала серијата незгодни повици, а Роџер дури и вербално, во една прилика, се судрил со Леонардo. Се завршило со борба пред клуб каде Вилсон беше тешко повреден. Се сомнева дека го удрил Леонардо, кого Роџер го тужеше за 45 милиони долари. Случајот се реши спогодбено и сторијата престана да се споменува.

Второто „изгореница“ на Лео се случи во 2011 година. За време на Канскиот филмски фестивал во 2011 година, исто толку важен и за филмовите колку и за богатите јахти кои се закотвиле на Азурниот брег, Азур, Лео бил домаќин на својата вообичаена екипа на еден ваков брод – богати пријатели и помалку богати, модели, старлети и слично. Меѓу нив била и Блејк Лајвли, за која не се знае што точно барала во Кан, но се знае дека таму таа поминала некое време со Лео…

Преземено од Фактор

Треба да знаете
Последни објави