Search

Темелковски: Сонот на сегашните, но и идни генерации се остварува, Македонија е држава со просперитет,со еднакви шанси за сите

По повод 8 септември Денот на независноста на Република Северна Македонија,членот на ЦО на СДСМ и градоначалник на Општина Кисела Вода Филип Темелковски учествуваше на традиционалниот празничен пикник организиран од страна на ОО на СДСМ, Кисела Вода кој  оваа година се одржа во комплексот Пеленица,  Драчево.

Темелковски упати честитка до граѓаните по повод 8 септември, Денот на независноста на Република Северна Македонија и до присутните граѓани порача дека сонот на граѓаните за просперитетна држава во која секој е еднакво важен се остварува.

Тој стави акцент на идните генерации кои ќе имаат можност за поквалитетно образование, работа и услови за живот.

СДСМ отсекогаш била и во иднина ќе остане државотворна  и уставотворна политичка опција, каде што идејата за слободна демократија и економски просперитет е перспектива за секој еден од нас.-истакна Темелковски.

Тој се осврна на успешните политики на СДСМ, преку кои се бележи напредок во сите сегменти на нашето општество, како подобра социјалната заштита, раст на платите, намалување на трошоците, големи инфраструктурни проекти.

СДСМ продолжува уште попосветено да работи за подобри услови за живот на сегашните и идни генерации.-заврши Темелковски.

Треба да знаете
Последни објави