Search

Темелковски направи увид во завршните активности за асфалтирање на патот кон Теферич

Градоначалникот на Општина Кисела Вода, Филип Темелковски во придружба на претседателот на Советот на Општината, Дарио Шимиќ направи увид во градежните работи на патот кој води кон населеното место Теферич.

Во моментов се одвиваат завршни активности за асфалтирање на улицата во должина од 850 метри и ширина од 5,5 метри.

Локалната самоуправа уште еднаш ги замолува граѓаните за разбирање и трпение додека траат градежните работи.

Треба да знаете
Последни објави