Search

Темелковски: КФМ не ги разбира советите, па се вплетка во валкани игри

Во пресрет на новата кошаркарска сезона во Македонија, наместо да се тресат обрачите, да се кинат мрежичките… да се прави стартегија како да се врати публиката во салите, баскетот е издишан. Не одскокнува ! Љубителите на кошарката си фаќаат сеир преку социјалните мрежи.

На јадицата се фати и раководството на Кошаркарската федерација на чело со првиот македонски НБА-играч Перо Антиќ. Наместо да споделува и да собира искуство  од претходниците се впушти во неспортски полемики со првиот претседател на мак-баскетот кој го организираше првиот шампионат во самостојна Македонија, Зоре Темелковски, кој пак не им остана должен.

Отакако, Темелковски упати све гласно размислување и порака како да се надмине новонастанатата ситуација со највите за исклучување на клубови кои нема да си ги подмират долговите кон КФМ, на адреса од актуелното раководство, за возврат доби отровни стрели од другата страна.

Со истиот тон, и адути од ракавот извлече Темелковски во отпочната валкана игра.

– Добронамерната критика за подобро утре на кошарката како прв претседател и еден од основачите на федерацијата во независна Македонија, погрешно ја разбравте пораката како нејзини фронтмени. Не очекував ништо друго. Немаш вина зошто немаш совест и тие што те поставија. Не ме послушаа. Бидејќи, сакаш да кажуваше работи надвор од кошарката кој е кој, да ти кажа и јас нешто. Твојата совест и личнос може да биде ценета само во држава каде институциите ги кријат твоите законски престапи како транспорт и консумација на прашкасти материи, ноќни пијани возења во кои најдобриот другар спасува жива глава и нормално тетовската врска … Имам уште што да кажам, но оставам за подоцна… ако не разбереш дека се јавив да коментирам за доброто на кошарката нашата заедничка љубов, без никакви задни намери – вели Темелковски во изјава за 24 инфо.

Темелковски ја критикуваше најавата од актуелното раководство на КФМ дека нема да им се дозволи на клубовите да играат во првенството ако не ги подмират долговите кон федерацијата за изречени казни.

Неговото укажување е дека раководството на КФМ е тоа кое треба да им ја олесни работата на клубовите, да се изнајдат спонзори на лигата… Така беше во негово време, а клубовите да се фокусираат во создавање на играчи и резултати кои ќе го вратат мак-баскетот онаму каде му е местото, меѓу водечките спортови во земјата и на мешународната сцена, како на репрезентативен, така и на клупски план.

(Д.Н.)

Треба да знаете
Последни објави