Search

Тематски парк во кој туристи плаќаат за да бидат илегални мигранти на една вечер

Во Мексико постои тематски парк, кој паралелно со мигрантската криза, им нуди на посетителите за помалку од 20 долари на сопствена кожа да почувствуваат како е да се биде илегален мигрант.

„ЕкоАлберто парк“ во Ел Алберто им нуди на посетителите, како што велат од таму, комплетно ноќно доживување.

Карти за ова искуство можат да се набават со почетна цена од 17 долари, колку што чини стандардниот пакет. За екстремната верзија, која трае пет часа, треба да се издвојат 24 долари, пишува лондонски „Дејли мејл“.

Весникот забележува дека паркот и натаму во понудата ја има „Ноќната прошетка“ и покрај тоа што илјадници луѓе од Централна Америка навистина се обидуваат да стигнат до САД.

Паркот се наоѓа на околу 130 километри северно од Мексико Сити и ваквата понуда ја има од 2004 година.

Туристите најпрво се качуваат во камиони кои ги носат до наводната граница, а потоа го следат Пончо, вработен кој глуми шверцер.

Се забележува дека туристите искусуваат околу пет проценти од она што мигрантите навистина го прават во обид да ја преминат границата.

На крајот на патот, ги чекаат лажни припадници на американската погранична служба, кои ги гонат мигрантите.

Секретарката на паркот вели дека тие нудат уникатна активност што не може да се најде на друго место.

„Целта е да се симулира она што мигрантите го доживуваат во обид да ја преминат границата со САД“, додава таа.

Еден од вработените вели дека „Ноќната прошетка“ претставува оддавање признание за сите мигранти.

Треба да знаете
Последни објави