Search

Телефонски разговор Џонсон – Меркел

Британскиот премиер Борис Џонсон се согласи со германската канцеларка Ангела Меркел да работи со енергија и одлучност за постигнување договор за Брегзит, соопшти неговиот портпарол.

Тој дополни дека двајцата лидери при денешниот телефонски разговор се договориле за таа тема да разговараат на состанокот на Обединетите нации следната недела.

По непријатната вчерашна посета на Луксембург, каде Џонсон беше исвиркан од демонстрантите, а премиерот Гзавие Бетел го критикуваше, дританскиот премиер утрово разговарал со Меркел, во обид за удвојување на напорите за излегување од ЕУ со претходно постигнат договор.

– Премиерот повтори дека Велика Британија и ЕУ се согласиле да ги зајакнат напорите за постигнување договор без бекстоп, што британскиот Парламент би можел да поддржи и оти енергично и одлучно ќе работиме тоа и да се оствари до 31 октомври, посочи портпаролот на Џонсон.

Тие разговарале и за нападите врз саудиските нафтени постројки и се согласиле дека со меѓународните партнери треба да заземат заеднички став и одговор. 

Треба да знаете
Последни објави