Search

Тексас има повеќе заразени со коронавирус дневно од која било земја во Европа

Во американската сојузна држава Тексас, во последните 24 часа се пријавени 10.028 нови случаи на коронавирус, што е најголемото дневно зголемување на бројот на новозаразени од почетокот на епидемијата.

Федералната држава, која има 30 милиони жители, на тој начин го објави најголемиот дневен биланс од која било европска земја на врвот на епидемијата, пренесува „Ројтерс“.

Во земјата сега се заразени вкупно 210.585 лица, а 2.715 починале.

Во Џорџија, бројот на пациенти достигна 100.470 во изминатите 24 часа, а во таа држава се пријавени и 2.899 смртни случаи.

Големото зголемување на бројот на заразени лица во Тексас, Калифорнија, Флорида и Аризона доведе до бележење на најголемо дневно зголемување во САД во последните неколку дена од почетокот на епидемијата.

 

Треба да знаете
Последни објави