Search

Тежок испит за Вардар на гостувањето кај Кил

Македонскиот повеќекратен и европски двократен ракометен првак Вардар вечерва (20.45 часот)  во рамките од 9. коло во групата А од елитното клупско натпреварување Лигата на шампионите ќе му гостува на германксиот Кил. Тежок испит за „црвено-црните“  кои имаат низа од пет порази во ЛШ. Шансите да го прекине овој тренд на порази за Вардар се мали, но избраниците на тренерот Веселин Вујовиќ нема предвреме да се предадат. Вујовиќ нема да може да смета за вечераниот меч на голманот Борко Ристовски кој се уште не е опоравен од повредата како и на средниот бек, Анте Гаџа кој има вироза. На нивното место, во тимот се Али Сафар како и Јоел Куни Моралес кој го пропушти последниот натпревар за Вардар во ЛШ.

 

Првиот меѓусебен натпревар  во групата А сезонава кој се играше во Скопје заврши со триумф на германскиот тим од 26:20.

 

Треба да знаете
Последни објави