Search

Тежок инцидент во Скопје: Едно лице прободено во Аеродром

Тежок инцидент во Скопје: Едно лице прободено во Аеродром

На 19.03.2018 година во 23:38 часот лице пријавило дека на булевар „Јане Сандански“ имало две повредени лица од кои едното било прободено со нож.

Повредените се Т.П.(28) и Д.П.(28) од Скопје. Д.П. со остар предмет е прободен во пределот на градниот кош и со возило на Итна медицинска помош е пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза” каде му се констатирани тешки телесни повреди.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Треба да знаете
Последни објави