Search

Тежок инцидент во Газа: Убиени седум палестинци и еден израелски војник

Израелските сили убија седуммина Палестинци вчера во појасот Газа во тајна операција на израелската армија, која го наруши неофицијалниот прекин на огнот.

Еден израелски полковник бил убиен, а друг офицер е ранет во операцијата во неделата вечер во југоисточниот дел на Газа, што е прв пат познат упад на израелските сили во Газа од последната војна во 2014 година.

Во очигледен одговор на престрелката, повеќе од десетина ракети ноќеска беа лансирани од енклавата под контрола на Хамас, а израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ја прекина посетата на Париз.

Сирените на воздужен напад свиреа во израелските заедници долж границата, а војската соопшти дека противвоздушната одбрана соборила три ракети. Нема извештаи за повредени лица или за оштетени објекти во Израел.

Вооруженото крило на Хамас, бригадата „Езедин ал-Касам”, објави соопштение во текот на ноќта, тврдејќи дека израелските сили се инфилтрирале вечерта во цивилен автомобил и отвориле оган врз група нејзини борци во близина на градот Кан Јунис, при што загинал еден од командантите. Палестинците го бркале возилото кое се спуштило назад кон границата, се вели во соопштението.
За време на потерата израелски авион го покривал нивното повлекување во Израел.
Од Хамас потврдија дека седумина се убиени од кои четворица милитанти.

И Израелската армија го потврди инцидентот, велејќи дека дошло до размана на оган при операција на специјалните еддиници. Медиумите во Израел, пак, влат дека мисијата, која имала за цел да собере разузнавачки податоци, била пробиена поради техничи проблеми.

Треба да знаете
Последни објави