Search

Тедрос: СЗО работи нон стоп од појавата на коронавирусот

Од појавата на Ковид-19, Светската здравствена организација (СЗО) работи нон-стоп на координиција на глобалниот одговор, известувајќи ги 194 земји-членки за неговата еволуција и давајќи технички совети, изјави денеска генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус.

– СЗО работеше дење и ноќе да го координира глобалниот одговор на сите три нивоа на организацијата, давајќи технички совети, катализирајќи ја политичката солидарност, мобилизирајќи ресурси, координација на ресурсите и повеќе, истакна Тедрос на средбата на извршниот одбор на СЗО.

– Досега се ветени или примени речиси 800 милиони американски долари по апелот на СЗО за програмите за борба против Ковид-19, оставајќи малку повеќе од 900 милиони долари за да се пополнат, рече Тедрос.

Треба да знаете
Последни објави