Search

Тевдовски: Државните хартии од вредност ќе котираат на Македонска берза

Тевдовски: Државните хартии од вредност ќе котираат на Македонска берза

Државните хартии од вредност ќе котираат на Македонската берза. Тие ќе станат достапни и за странските институционални инвеститори, а зголемената побарувачка ќе придонесе да се намалат каматите за државата. Ова, како што соопшти Министерството за финансии, го најави министерот за финансии Драган Тевдовски на шестиот Ерсте инвеститорски појадок.

-Сведоци сме на раздвижување на Македонската берза. Од почетокот на годинава има значајно зголемување и кај обемот и кај вредноста на МБИ10. Во оваа насока сакам да најавам дека Министерството за финансии е во преговори со Македонска берза државните хартии од вредност да почнат да котираат на берзата. Тие ќе станат достапни и за странските институционални инвеститори. Зголемената побарувачка ќе придонесе да се намали каматниот трошок на државата. А, ќе се зголеми и ликвидноста и транспарентноста со секундарното тргување, рече Тевдовски.

Министерот за финансии посочи дека Министерството за финансии ја следи европската пракса кај пазарот на капитал. Со гласно тоа, Законот за хартии од вредност, донесен во 2005 година, ќе биде заменет со два нови закона.

-Со нив ќе се подигнат стандардите за транспарентност на пазарот и ќе се воведе повисоко ниво на заштита од злоупотреби согласно со европската пракса. Во дизајнирањето на реформите значајна улога има и Советот за развој на пазарот на капитал, каде покрај регулаторите членуваат и асоцијациите на банки, хартии од вредност, осигрурување и инвестициските фондови, рече Тевдовски.

Министерот за финансии рече дека Владата е посветена на реформскиот процес. Тој посочи дека бизнис климата е подобрена и дека Владата има фер третман кон сите инвеститори. Се работи на системски решенија во јавните финасии, а веќе е значајно подобрена фискалната транспарентност, истакна Тевдовски

Треба да знаете
Последни објави