Search

Театар Комедија лани имал рекордна посетеност

Театар Комедија соопшти дека минатата година имал рекордна посетеност односно 46.609 гледачи и 179 изведени претстави. Ансамблот на овој театар во 2019 имал пет премиери – четири на големата сцена и една на мала сцена.
Според анализата на театарот, посетеноста лани во споредба со 2018 била поголема за 16,6 проценти, а во однос на 2017 за 60 отсто, а бројот на изведени претстави пораснал за 28,8 проценти споредено со 2018 односно за 62,7 проценти во однос на 2017 година.
– Со овие бројки кои ги утврди комисијата за аналитика при Одделението за маркетинг и продукција во институцијата, може слободно да се потврди дека НУ Театар Комедија бележи огромен раст во својата работа и целосно го заслужува епитетот најпосетуван театар во земјава, соопшти Театар Комедија.
Треба да знаете
Последни објави