Search

ТВ Алфа не ги почитува законските обврски за финансиско работење

ТВ Алфа не ги почитува законските обврски за финансиско работење

Препорака на ЕУ  чија цел е да се детектираат скриените политички влијанија врз  медиумите се уште не се почитува.

Алфа ТВ шест месеци по истекот на законски утврдениот рок се уште нема поднесено Завршна сметка за даночен биланс за 2018 година. Рокот за поднесување на оваа документација е истечен на крајот од  февруари.

“За Трговското друштво АЛФА ТВ ДООЕЛ Скопје не поседуваме финансиски податоци за 2018 година  бидејќи истиот за бараната 2018 година нема поднесено годишна сметка во Регистарот за годишни сметки”  се вели во изводот од Централниот регистар.

Транспарентноста на медиумската сопственост е една од препораките на Извештајот на Прибе кој беше создаден со цел да се дадат конкретни насоки за излез од ќор сокакот во кој се најде Македонија во 2015 година. За жал оваа препорака чија цел е да се детектираат скриените политички влијанија врз  медиумите се уште не се почитува.

Минатата година во мај, редакцијата на НОВА јавно отвори повеќе прашања околу начинот на кои се финасираат некои од медиумите во Македонија, но одговор на тие прашања се уште нема.

Извор:Новатв

Треба да знаете
Последни објави