Search

Тврдоглава коала одбивала да излезе од автомобилот во кој влегла

Речиси секое суштество во Австралија се чини дека е потенцијално опасно – дури и оние слатки мали животни што јадат еукалиптуси- коалите. Тие, можеби и не се толку опасни, но се без сомнение доста збунувачки, пренесува „Спутник“.

https://www.facebook.com/tim.whitrow/videos/10218814579213773/?t=10

Австралискиот винар Тим Витроу бил изненаден кога нашол коала што удобно се сместила во неговиот автомобил.

Откако направил селфи со животното, тој учтиво го замоли да замине, па дури и се обидел да го избрка. Но, на коалата не ѝ било ни на крај памет да го стори тоа.

На крај коалата сепак излегла, но толку била лута што му ја изгребала шалт-таблата во автомобилот пред да си замине.

 

 

Треба да знаете
Последни објави