Search

„Твич“ го затвори официјалниот канал на Трамп

„Твич“, стриминг платформа во сопственост на „Амазон“, привремено го затвори официјалниот канал на американскиот претседател Доналд Трамп поради емитувана содржина што вклучува омраза.

Од „Твич“ кажаа дека во два наврати, емитуваната содржина имала елементи на омраза, што е спротивно на правилата и поради тоа каналот бил привремено суспендиран. Станува збор за снимка од предизборниот митинг на Трамп од 2015 година, кога тој изјави дека Мексико испраќал силувачи во САД, а вториот пат е емитирана снимка од предизборниот митинг во Тулса, што се случи на 20 јуни кога Трамп имаше расистички коментари.

„Tвич“ ги отстрани двете содржини од каналот на Трамп, кој беше привремено исклучен.

„Како и сите други, политичарите на Твич мора да ги почитуваат нашите услови и правила за употреба. Ние не правиме исклучоци во политичките или информативните содржини што се вредни вести и ние ќе преземеме акција кон содржината што ни е соопштена и што ги крши нашите политики”, се вели во соопштението на „Твич“.

Не е познато колку долго ќе биде затворен каналот на Трамп, но американскиот претседател нема причина да се грижи. Според „Њујорк тајмс“, на Твитч го следеле само 120.000 луѓе, наспроти 83 милиони кои го следат на „Твитер“, каде што е исклучително активен.

Треба да знаете
Последни објави