Search

„Твитер“ почна кампања со која ги мотивира корисниците од САД да се регистрираат за гласање

„Твитер“ ќе испраќа пуш-нотификации и известувања до корисниците во САД за да ги поттикне да се пријават за да гласаат на претстојните претседателски избори, пренесува „Ју-ес-еј тудеј“. Кампањата очигледно е темпирана да се совпадне со Националниот ден на регистрација на гласачи во САД.

Освен чистото вербално поттикнување да се регистрираат за гласање, „Твитер“ исто така ќе му испрати на секој корисник од САД потсетување да ја потврди својата регистрација преку алатката TurboVote на интернет и линк до „Твитер момент“ со повеќе информации за регистрација на гласачи.

Некои дополнителни алатки за оваа кампања, кои весникот ги опиша како „најголемите притисоци од ‘Твитер’ досега“, ќе ги вклучуваат новите хаштагови #NationalVoterRegistrationDay и #VoteReady.

Кампањата на „Твитер“ следи по онаа на „Фејсбук“, кој почна слична иницијатива „излези да гласаш“ во средината на август.

Ваквото мешање во изборниот процес од страна на социјалните медиуми може да ја измени излезноста, стравуваат експертите. Бидејќи примателите на сигнали и известувања се најголемиот дел од корисниците на специфичната платформа, „Фејсбук“ може да ја измени излезноста на постарите и поконзервативните, додека „Инстаграм“, на пример, веројатно ќе ја измени излезноста на помладите и полибералните.

САД треба да одржат претседателски избори на 3 ноември. Актуелниот претседател Доналд Трамп е кандидат на Републиканската партија, а поранешниот потпретседател Џо Бајден е кандидат на демократите.

Треба да знаете
Последни објави