Search

Твитер блокира профили на кубански функционери и медиуми

Американската социјална мрежа Твитер блокирала профили на лидерот на кубанската Комунистичка партија Раул Кастро, неговата ќерка Мариела Кастро и водечки кубански државни медиуми, јавија државните медиуми на своите интернет страници.

Блокирани се и десетина профили на новинари во кубански државни медиуми, како и официјалниот профил на Министерството за комуникации.

Светските агенции јавуваат дека Твитер не го објаснил овој чекор, ниту одговорил на барањата да ја коментира својата постапка.

Треба да знаете
Последни објави