Search

Твитерџиите го удираат Трамп со негов камен: Војна со Иран за втор мандат

Додека се зголемуваат тензиите меѓу Вашингтон и Техеран, интернетот за миг ја сфати иронијата на дел од старите твитови на американскиот претседател Доналд Трамп, кој предупредуваше дека Барак Обама поттикнува на војна против Иран да остане на власт, пренесува РТ.

Дел од Трампвите твитови од првиот мандат насочени кон Обама сега се враќаат за да го прогонуваат во светло на морничавите сличности меѓу предупредувањата и актуелните агресивни чекори од неговата сопствена администрација.

Предупредувањата на Трамп не се селективно избрани твитови зашто тој најмалку седум пати во рок период од една година ја туркаше теоријата дека Обама планира напад врз Иран за да ја обезбеди својата позиција.

И додека ја критикуваше премисата на војна за политичка добивка, се чини дека Трамп е сериозно подготвен за отворен конфликт со Иран.

Ако ништо друго, Трамп е доследен во својата недоследност. Иако е неумолив за спроведување и наметнување санкции, тој е прилично амбивалентен во однос на потенцијалните воени опции.

На прашањето за шпекулациите за испраќање 120.000 војници на Блискиот Исток за “проверка“ на иранското влијание, Трамп рече дека се надева оти нема да дојде до тоа и ја нарече идејата ‘лажни вести’ за веднаш потоа да додаде дека станува збор за “многу повеќе војници отколку во шпекулациите“.

Треба да знаете
Последни објави